Кина го лансираше најбрзиот интернет во светот

75

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет конекција во светот, која има пропусен опсег од 1,2 терабајти во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу.

Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната кинеска интернет инфраструктура, пишува Global Times.

Според извештаите, до септември оваа година, во земјата биле изградени повеќе од три милиони станици за 5G со антени, формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.

Ова достигнување е резултат на соработката меѓу Универзитетот Ксинхуа, операторот „China Mobile“ и компаниите Huawei и Cernet.