Фото: Pixabay
Во Ксиан, Кина за прв пат робот изведе самостојна орална операција со којашто беа имплантирани два 3D печатени заби, пишува Click Lancashire.
Роботот ги стави имплантите во устата на пациентката со минимална грешка во маргините (0,2 до 0,3 мм) што е стандардно и за човечка рака. Технологијата беше креирана за да се намали недостатокот од ваков кадар во Кина, но и да се намалат грешките направени од стоматолозите.
Иако за време на процесот беа присутни луѓе, тие ниеднаш не пристапија до роботот, којшто сосема успешно сам ја заврши целата работа. Во Кина, според проценките, од 400 милиони луѓе годишно на коишто им требаат забни импланти само 100 милиони успеваат да ги добијат.