Компанија од Кина е казнета со рекордни 1,3 милијарди долари поради незаконско производство на вакцини против беснило, јавува BBC.
Според локална новинска агенција вработените од Changchun Changsheng мешале различни серии на вакцини и течност со поминат рок за да произведат некои од сериите. Компанијата, исто така, ги фалсификувала податоците за производството на вакцината.
Согласно законските одредби дозволата за фармацевтско производство на компанијата е одземена и нејзините незаконски произведени вакцини се конфискувани.
Ова не е прв пат Кина да биде вмешана во скандал со производство на вакцини. Во 2016 беше откриен нелегален циклус на вакцини во којшто беа вклучени стотици луѓе.
Пронајдените вакцини во вредност од 88 милиони долари, беа неадекватно чувани и транспортитани во недозволени услови.