
Кинескиот производител на спортска опрема „Анта спортс“ размислува за понуда за преземање на „Пума“, а акциите на германската фирма скокнаа за 14 проценти по оваа вест.
Според анонимни информирани извори, „Анта спортс“ соработува со советник за евалуација на понудата за „Пума“ и би можел да ги здружи силите со приватен инвестициски фонд доколку одлучи да продолжи понатаму во процесот, објавува „Блумберг“.
И други кандидати би можеле да покажат интерес за „Пума“, како што се кинескиот „Ли-Нинг“, кој веќе разговара со банките за потенцијалното финансирање на трансакцијата, како и јапонскиот „Асикс“, додадоа изворите.











