Кинески производител на електрични камиони се шири на европскиот пазар

34

Првиот чекор во глобалното проширување на кинескиот производител на камиони Farizon, во сопственост на производителот на автомобили Geely, ќе биде влез на европскиот пазар со понуда на електрични комбиња од 2024 година, рече извршниот директор Фан Ксијанџун.
Компанијата сака Super Van да обезбеди позиција меѓу првите три европски добавувачи на електрични комбиња. „Производот е дизајниран да ги задоволи барањата на европскиот пазар“, рече Фан, без да наведе детали за планираната продажба, приходите и инвестициите.

Super Van првично ќе биде достапно само во електрична верзија.

Покрај Super Van, Farizon се подготвува – но само на кинескиот пазар – да понуди и автоматизиран камион „Hometruck Cables“, специјализиран за места како пристаништа и рудници.

Долгорочно, Farizon исто така сака да ја зголеми продажбата на пазари како Јапонија, Јужна Кореја, Блискиот Исток и Југоисточна Азија, каде што веќе започна со продажба на возила.

Платформата за флексибилно електрично возило (EV) и технологијата на системот за електрична контрола, развиени со помош на Geely, треба да и овозможат на компанијата да се натпреварува со Ford-овиот e-Transit.