Кинескиот увоз на руска нафта се зголеми за 1,3 отсто на годишно ниво во 2024 година, на 108,47 милиони тони, покажуваат податоците објавени од Генералната управа на царината на Кина.
Вредноста на нафтата што Кина ја увезува од Русија изнесува 62,42 милијарди долари, што е годишен раст од 2,8 отсто, покажуваат статистиките.
Русија и понатаму е најголемиот снабдувач на нафта во Кина, а потоа следат Саудиска Арабија со 78,63 милиони тони и Малезија со 70,32 милиони тони.
Вкупниот увоз на нафта на Кина од другите земји минатата година изнесуваше 553,42 милиони тони, што е за 1,9 отсто помалку од 2023 година, пренесува ТАСС.
Дополнително, испораките на руски течен природен гас (LNG) од Русија во Кина се зголемија за 3,3 отсто на 8,3 милиони тони во 2024 година.
Во однос на вредноста, кинескиот увоз на ЛНГ од Русија падна за 3,5 отсто во извештајниот период на 4,99 милијарди долари.
Најголем извозник на течен природен гас во Кина минатата година беше Австралија со 26,19 милиони тони, потоа Катар со 18,34 милиони тони и Русија на трето место.
Кина увезла 131,69 милиони тони гас (вклучувајќи ЛНГ) во 2024 година, што е за 9,9 отсто повеќе од 2023 година, се додава во извештајот на царината.