
Кинеските производители продадоа околу 65.000 патнички автомобили во Русија во текот на јули, што опфаќа 55 проценти од пазарот на таа земја, беше објавено во анкета на компанијата за лизинг на автомобили Газпромбанк.
Во овој период, брендот GAC имаше најголем скок во продажбата, со месечна стапка на раст од 78 проценти во споредба со јуни и 2.800 продадени автомобили, објави ТАСС.
Следи Чери со раст од 52 проценти и 13.500 продадени единици.