Кинезите се откажаа од продажба на возови за Бугарија

26

Кинеската компанија се откажа од понудата што е предмет на истрага на Европската комисија за јавниот договор за електрични возови во Бугарија, соопшти ЕК.

Пазарот на Европската унија „е отворен за компании кои се навистина конкурентни и играат фер“, изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, коментирајќи го случајот, пренесува Seebiz.

Во февруари, ЕК објави истрага за понудата на кинеската компанија CRRC Qingdao Sifang Locomotive Co. Ltd за јавен договор во Бугарија за електрични возови. Истрагата беше покрената за да се открие дали јавните субвенции и дозволуваат на кинеската државна фирма да има подобра понуда.

Истрагата, прва од ваков вид, беше спроведена под нови овластувања за заштита на економијата на ЕУ од нарушувања на пазарот поврзани со субвенции за фирми од земји кои не се членки на ЕУ, како што е Кина.

Кинеската државна поддршка за бизнисот е особено чувствителна точка за ЕУ, која со децении применува строги правила за пазарна конкуренција на домашните фирми.

При наддавање за јавни договори мора да се пријават субвенции за нарачки од 250 милиони евра и повеќе. Компаниите поддржани со државни пари можат да бидат исклучени од јавните договори во ЕУ

Договорот во Бугарија беше за 20 електрични возови во вредност од 610 милиони евра и нивно одржување во следните 15 години. Како резултат на повлекувањето на кинеската компанија, ЕК ќе ја затвори истрагата.