Кјуби Македонија со ново име Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп

67

fc9a2a88-8424-4e60-87a2-5147508c836eКомпанијата која досега беше позната како Осигурување Кјуби Македонија (QBE Македонија) се ребрендира во Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп.

Имено оваа промена доаѓа од купувањето на осигурителната компанија од страна на Виена Иншуренс Груп (Vienna Insurance Group (VIG), австриската групација базирана во Виена, која сега е нов сопственик на поранешното Кјуби Македонија.

Новото лого на компанијата е спој од две вредности- долгогодишното искуство и познавање на осигурувањето од македонскиот бренд со динамичноста и со меѓународното искуство и знаење на Виена Иншуренс Груп.

“Убеден сум дека промените во компанијата ќе придонесат за понатамошен одржлив развој на Осигурување Македонија. Нашите клиенти можат да се потпрат на цврст осигурувач што поседува докажана стабилност, финансиска безбедност и професионална стручност низ својата долга историја. Засилени од професионалниот капацитет на Виена иншуренс груп ние ќе продолжиме во таа насока”, порача Бошко Андов, генерален менаџер на Осигурување Македонија.

Компанија е веќе 68 години синоним за осигурување во Македонија, како и за доверба, сигурност и финансиска стабилност. Основана е во 1945 година како Државен осигурителен завод. Со последната приватизација во 2013 стана дел од Виена Иншуренс Груп.