Клима уред што функционира како будилник

57

bed-jet-1-820x420Будилникот, односно алармот не е најомилениот уред во куќата. Без разлика дали ве буди омилената мелодија или силно ѕвонење, утринското станување е ритуал што би сакале да се оддолжи.

За да биде тој процес што попријатен, компанијата Bedjet со седиште во САД нуди креативно и удобно решение.

Станува збор за Bedjet специјален клима уред што се вградува во душек и го подобрува квалитетот на спиењето, а истовремено функционира и како будилник. Производителите го опишуваат овој аларм како еден вид природен будилник што суптилно ја зголемува температурата на телото во моментот што корисникот го одбрал да се разбуди.

bedjet-pic-2

Слично како што сончевата светлина влегува во спалната соба, BedJet активира реакција во мозокот, што нежно го буди корисникот кога треба да стане.

Клима уредот, којшто за три минути постигнува температура од 30 степени, ги грее оние кои сакаат да им е топло додека спијат, а ги разладува тие што преферираат малку поладен кревет. Системот, исто така, има вградено и специјална вентилација за креветот, што не дозволува потење, а притоа ја одржува оптималната температура на телото.

За паровите што имаат различен начин на спиење тука е AirComforter, којшто го дели креветот на зони со различно греење. Додатокот содржи две празнини коишто го дистрибуираат воздухот од два различни клима уреди на секоја половина од креветот.

Системот е неверојатно тивок и достигнува максумум 39 децибели, а цените се движат од 499 долари, па нагоре.