Ко-основачите на Instagram ја напуштаат компанијата

23

Креаторите на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер си одат од компанијата, шест години откако популарната апликација за споделување на фотографии беше купена од Facebook.

Во 2012 технолошкиот гигант ја купи Instagram по цена од една милијарда долари. За медиумите, Систром и Кригер изјавија дека планираат малку да одморат и повторно да ја истражат својата креативност.

Нивната одлука доаѓа по низа тензични моменти со раководството на Facebook, пренесува BBC.

Систром и Кригер ја започнаа Instagram приказната во 2010 година, а денес популарната апликација има повеќе од една милијарда корисници, кои секојдневно споделуваат свои фотографии.

Тие се запознаа додека студираа на универзитетот Стенфорд, и со заедничка желба и инспирација од стари полароид фотографии, првично ја креираа апликацијата само за iPhone телефони.