Кога е вистинското време да започнете сопствен бизнис?

37

biznis-pixabay

Фото: Pixabay

Дали сте подготвени за сопствен бизнис? Бизнис Инфо ви го дава одговорот во продолжение.

Тука не станува збор за давачки, економски статистики, јавно мислење или сечење на црвени ленти. Едноставно кажано, вистинското време да започнете сопствен бизнис е:

– Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете…

– Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоа…

– Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки… Да не ги изоставиме киријата и заработката, како и проценката на потребните средства и првичните трошоци без кои не се започнува бизнис. И ова е многу важно … Веќе да знаете или да имате најдено начин, како да ги најдете ресурсите кои ви ги диктира бизнис планот.

– Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех.

– Кога навистина го посакувате тоа.

– Кога немате друга опција.

Останува само да ви посакаме среќа, со надеж дека не се обложувате на тоа дека не смеете да си дозволите неуспех.