Кога лидерите носат погрешни одлуки?

22

nasoki

Фото: Pixabay

Вработените очекуваат лидерство од своите лидери, но наместо тоа, голем број од нив се предводени од луѓе кои немаат фокус и визија, лошо управуваат со ресурсите и се “заглавени” во корпоративната политика.

Лидерството не е за секого и тоа брзо станува евидентно кога лидерите донесуваат лоши одлуки. За жал, во многу организации на лидерски позиции се промовираат луѓе кои не припаѓаат таму, односно се поставуваат од погрешни причини. Вработените можат да го почувствуваат ова. Тие знаат кога некој не е подготвен да ги води, да ги прифати одговорностите.

Вработени се инспирирани кога нивните лидери донесуваат добри и паметни одлуки. Тие ги почитуваат лидерите кои преземаат пресметани ризици, а не оние кои служат само како уште еден слој од менаџментот. Вработените сакаат лидери кои можат да им помогнат да напредуваат професионално. Ова се лидери кои знаат како да менаџираат во рамките на корпоративната култура, да ги зголемат ресурсите, да мотивираат, инспирираат и најважно, да донесуваат добри одлуки.

Лидерите кои се фокусирани на своите скриени агенди ја губат од пред очи големата слика, брзо се дисконектираат од нивните вработени и не успеваат да изградат тим. Тие донесуваат лоши одлуки за сложени прашања со намера за унапредување на своите кариери и амбиции во прв план.

Форбс состави листа на неколку модели на однесување кои ќе ви помогнат да ги идентификувате оние лидери кои не се подготвени за лидерската улога и се склони кон донесување на лоши одлуки:

1. Премногу се потпираат на искуството од минатото

2. Зависни се од корпоративната политика

3. Немаат јасна визија на целта

4. Лошо управуваат со ресурсите

5. Не ги согледуваат можностите

6. Не веруваат во сопствените лидерски способности