Кога на потрошувачот му ветувате квалитет, мора тоа и да го исполните

167
naslovna
Елена Гагиќ, Меркур Трејд, генерален дистрибутер за брендот Дурекс за Македонија

Меркур Трејд, компанија основана во 1994 година, обезбедува услуги во областа на дистрибуција на индустриски производи, логистика и маркетинг. Меркур Трејд е дистрибутер на компаниите Johnson & Johnson, Reckitt Benckiser (Dettol, Veet, Air Wick, Calgon, Cillit Bang, Durex, Vanish, Dr. Scholl, Woolite)… Компанијата има два дистрибутивни центри, во Скопје и во Битола.

За брендот Дурекс, за предизвиците во градењето на бренд имиџ во Македонија и едукативните кампањи што ги спроведуваат во нашата земја, разговаравме со Елена Гагиќ.

БИ: Дурекс е бренд кој постои веќе 80 години. Што значи за еден производ да биде присутен на пазарот толку долго време?

Од самото основање, Дурекс како бренд имаше фокус кон градење на доверба со потрошувачите и постигнување на највисоко ниво на безбедност при користење на Дурекс презервативите. Примената на најсовремените технологии при производството придонесе корисниците на презервативите да имаат најголема доверба во Дурекс. Воедно, Дурекс е првата компанија производител на презервативи која разви и примени електронско тестирање на самите презервативи. Сето тоа е во насока на зголемување на сигурноста при користење на Дурекс производите од страна на Дурекс корисници.

1БИ: Станува збор за помалку деликатен производ кој навлегува во интимата на секој индивидуалец. Каква е филозофијата на Дурекс?

Па би рекла дека благодарение на глобалните кампањи на Дурекс, кои се реализираат и во нашата држава благодарение на Меркур Трејд, она што порано претставуваше табу тема за која не се разговараше во општеството, моментално е надмината. Преку кампањите за подигнување на свеста кај сексуално активните луѓе, а пред се кај младите, Дурекс ги направи своите производи светски препознатливи и најдостапни до сега. Како фирма која е генерален дистрибутер на Дурекс за Република Македонија, Меркур Трејд до сега има реализирано многубројни кампањи преку кои младите луѓе се запознаваат од ризиците кои ги носи ХИВ вирусот, како и сите други сексуално преносливи болести, а од кои можат да се заштитат со производите на Дурекс.

БИ: Што го гарантира квалитетот на Дурекс?

Со своето над 80 годишно искуство во производство на презервативи, Дурекс има поставено високи стандарди на квалитет на производот и има воведено неколку слојни мерки за тестирање на издржливоста на Дурекс презервативите. Секој еден презерватив е тестиран. Тестирањето започнува од базичното, односно дека се користат само најдобрите и најквалитетните материјали. Потоа секој се тестира електронски со мостри од секоја серија се исполнува со воздух за да се тестира отпорноста. Меѓународните стандарди наметнуваат презервативот да може да содржи 18 литри воздух во третиот наречен воздушен тест. Дурекс презервативите се растегнуваат до степен да може да содржат 40 литри воздух без да се оштетат. Со овој пример Дурекс презервативите не само што ги исполнуваат стандардите за безбедност и квалитет, туку и ги надминуваат. Кога на потрошувачот му ветувате квалитет, мора да го исполните и оваа гаранција е многу поголема кога станува збор за производ поврзан и со основното уживање, но и со голема одговорност кон здравјето и планирањето на семејството. Затоа тестирањето на квалитетот се пренесува и на следно ниво, односно тестирање со вода. А секако да не заборавиме дека сите презервативи се дерматолошки тестирани. Безбедносните тестови се толку важни за компанијата што ако само еден примерок не помине кој било од тестовите, целата серија од 432.000 презервативи се уништува.

4

БИ: Какви се предизвиците во градењето на бренд имиџот во Македонија? На какви реакции наидувате?

Работиме со производ којшто е тесно поврзан со уживањето и споделувањето на убави чувства. Исто така презервативот е одговор на новиот сензибилитет на времето во кое живееме и потребите што ги имаме. Користењето презерватив денес значи слободата на избор, значи самосвесност и зрелост. Токму тоа се вредностите кои ги застапуваме и се трудиме да им ги наметнеме посебно на младата популација. За овие категоризации и вредности не постојан граници и различни држави, а Македонија како пазар и Македонецот како потрошувач не се ништо поразлични од европските. Затоа имиџот на Дурекс самиот се наметна, љубовта е секаде љубов, а обврските кон другиот и одговорноста во сексуалното уживање секаде треба да бидат приоритети. Дурекс имиџот си го гради каде било, и тоа со поместување на границите на тестирање на производот, па се до перцепцијата на сексуалноста. Постојано се спроведуваат истражувачки проекти со кои се бараат нови начини за унапредување на производите или за детектирање на нови трендови во сексуалното однесување кое може да доведе до нов производ.

БИ: Дали Дурекс има своја улога во модерното потрошувачко општество и каква е таа улога?

3Секако дека има. Нашата цел е да им ја разбудиме свеста кај сексуално активните луѓе за неопходноста од користење на презерватив, посебно денес, како заштита од бројните сексуално преносливи болести, ХИВ вирусот и се разбира, планирањето на семејство. Со ова Дурекс добива поширока општествена улога, станува доктор и едукатор. Токму во таа насока се и нашите активности во Македонија. Во последнава година спроведовме две големи истражувања во Скопје, едното беше на средношколци, а другото на студенти. Целта на истражувањето ни беше да дојдеме до што поцелисходни информации за знаењата, ставот и односот на младата популација, односно онаа што е на почеток на сексуалната активност. Преку овие истражувања дојдовме до податоци коишто досега, а и понатаму ќе ни користат за создавање на што поефективни начини за пристап до потрошувачите на Дурекс производите и постигнување на значаен напредок на тоа поле – сузбивање на сексуално преносливите болести, како и предвремената и несакана бременост.

БИ: Каков е ставот и односот на македонската популација во однос на сексуалноста и заштитата пред се?

Различен би рекла. Во однос на сексуалноста не постојат никакви недоумици ни сомнежи. Но она што недостига во Македонија е поголема свесност за сексуалната одговорност како и слободата за поставување прашања. Кај тинејџерите резултатите покажаа мала свесност, безгрижност и неинформираност за користењето на презервативи, сексуална зрелост и одговорност. Од вкупниот број на испитаници, 62% одговориле дека користат презервативи при сексуалниот чин, што не е доволно. Заклучокот е дека дадените одговори упатуваат на очигледна безгрижност и голем процент на неинформираност. Загрижува и фактот дека дури 54% од испитаниците, информациите за употребата на презервативите ја добиваат од интернет, а само 5% од доктор. Тоа е нешто што мора да се промени. Кај младата популација од 18 до 24 години (студенти), заклучоците се подобри и пооптимистички, но сепак и таму постојат теми што треба да се третираат, како на пример бројката од 40% кои сметаат дека машкото треба да се грижи за купување презервативи. Ова говори за недоволно развиена свест за сексуалната обврска и одговорност кон себеси и кон партнерот. Сите овие податоци не упатуваат на вистинскиот пат како да создадеме активности за подигнување на сечија свест за одговорноста во сексуалниот чин.

2

БИ: Дурекс започна една едукативна кампања, каков е одговорот на тоа и какви се резултатите?

Одлични, но секогаш постои можност за подобрување, а посебно кога се работи за здравјето кај младите лица. Всушност имавме повеќе едукативни активности, пред се поставување на бренд амбасадори кои својот јавен имиџ и популарност го користеа за едуцирање на младите за сексуалната одговорност. Викторија Лоба и идолот Виктор Апостоловски досега ни беа бренд амбасадори. Спроведовме и турнир во одбојка каде ги споивме спортската култура и едукација, а сега летните период сме фокусирани на охридските плажи, каде имаме бројни активности со кои влијаеме во менување на свеста на младата популација. Сите овие активности и уште многу повеќе глобално се причина зошто милиони луѓе низ целиот свет користат и му веруваат на Дурекс.