Кога не треба да се извинувате на работа

51

Фото: Pexels

Извинување на работното место, кога е соодветно употребено, покажува емпатија кон другата личност. Но, неговата прекумерна употреба не е секогаш најдобро решение. Кај некои, тоа преминува и во навика, односно се користи кога не може да се најде друг соодветен збор.

Еве што советуваат експертите за неговото (не) користење.

Кога некој ненадејно ќе се судри во вас на поминување

Не треба да се извинувате за “зафаќање на простор“. Во овој случај вие само сте си ја вршеле вашата работа, а некој друг помалку внимавал. Примете го неговото/нејзиното извинување, доколку го има со насмевка и “нема проблем“.

Кога сакате нешто да прашате

Нема воопшто потреба да се извинувате ако сакате нешто да прашате. Жените почесто го користат зборот извини во вакви ситуации, односно пред да постават прашање. На состаноци и слични собири не вознемирувате никого ако сакате нешто да прашате.

Кога доцните на состанок или одговарате на мејл

Многу е подобро да кажете “благодарам што ме почекавте“ или “благодарам, да започнеме“, кога сте задоцниле на состанок. Обидете се да го замените чувството на срам со чувство на благодарност. Истото важи и за мејловите, доколку не сте одговориле навреме. Прво заблагодарете се на чекањето или потсетувањето, па потоа одговорете на прашањето, односно барањето.

Кога некој бара неразумна услуга

Ако некој од вас побара услуга што едноставно не може да се направи, не се извинувајте. Слободно кажете дека не сте во можност тоа да го направите и толку. Штом некој бил нeразумен со желбите и побарувањата, време е да поставите граница. Тоа ќе ги истакне вашите лидерски способности, односно ќе покаже дека имате интегритет и го цените сопственото време.