Кога откажувањето може да биде добар потег

35

otkazuvanje

Фото: Pexels

Откажувањето асоцира на неуспех. Честопати слушате “Никогаш немој да се откажеш” или “Никој не сака несигурен човек”. Упорноста е одличен квалитет. Многу неверојатни нешта никогаш не би биле измислени и многу луѓе не би успеале ако престанале да се борат секогаш кога ќе доживеат неуспех.

Но, неподготвеноста да се откажете може да ве спречи од движењето напред, постигнувањето успех или среќа. Откажувањето не секогаш ве прави лоша или неуспешна личност. Понекогаш откажувањето значи дека дека сте зрела личност која знае кога е потребно да ги намалите загубите и да се движите напред, или личност која е подготвена да преземе ризик и да го смени курсот на движење.

Во некои животни ситуации, откажувањето е токму она што треба да направите. Никој не сака луѓето да го гледаат како личност која не може да истрае, но многу работи во животот не се црно – бели. Не може да се чувствувате неуспешно доколку се откажете од некои лоши навики.

Луѓето честопати не се откажуваат бидејќи сакаат да го оправдаат потрошеното време, пари или напор.  Понекогаш поради страв од неуспех и непознато, луѓето прават поголем проблем. Кога вложуваат пари, труд или време во нешто, а не го добиваат посакуваниот резултат, тие вложуваат повеќе со цел да ја оправдаат својата одлука. Но, со неоткажувањето може да ги отфрлате сите други можности кои може да ве однесат до посакуваната цел.

Откажувањето е избор, а не неуспех. Тешко е да се каже кога е вистинско време за откажување, но кога во нешто ќе вложите напор и време, а не постои напредок, време е да размислите за своите опции. Признавањето на своите грешки и учењето од нив е многу повредно од упорноста и истрајноста.