Кои македонски телевизии работат со добивка, а кои со загуба?

Изминатите три години „Сител“ телевизија е убедливо на врвот во однос на вкупните приходи и остварената добивка покажуваат податоците на БизнисМрежа. Во чекор ја прати и „Канал 5“, а меѓу првите три по остварена добивка и приходи е и телевизија „Алсат-М“. Меѓу телевизиите кои изминатите три години работеле со загуба се „Телма“ и „24 Вести“.

Во 2022 година на врвот според вкупните приходи е телевизија „Сител“ со 413,6 милиони денари, втора е „Канал 5“ со 242,08 милиони денари, „Алсат-М“ со 162,9 е на трето место, а потоа следат „Телма“ со 118,2 милиони денари, „Компани 21–М“  со 48,9 милиони денари и „24 Вести“ со 38,3 милиони денари.

Најголеми расходи истата година направила телевизија „Сител“ – 408,8 милиони денари, потоа следат „Канал 5“ со вкупни расходи од 240,4 милиони денари, „Алсат–М“ од 158,9 милиони денари, вкупните расходи на „Телма“ изнесуваат 142,3 милиони денари, на „24 Вести“ – 59,2 милиони денари и на „Компани 21–М“ – 54,3 милиони денари.

Целиот текст на Локално.мк