На европската старт – ап сцена годинава доминираат неколку “еднорози“ од коишто најголем број се од Велика Британија. Листата на највредните 14 е објавена на Silicon Republic, а во продолжение се топ десет.
Celonis – Германија
Вредност – една милијарда долари
Им помага на компаниите да го подобрат деловното работење, користејќи анализа на податоци.
Omio – Германија
Вредност – една милијарда долари
Платформа за патување преку којашто клиентите споредуваат цени и купуваат билети за секаков вид на превоз во Европа.
OutSystems – Португалија
Вредност – една милијарда долари
Платформа што им овозможува на организациите да креираат сопствени веб и мобилни апликации.
Deezer – Франција
Вредност – 1,16 милијарди долари
Глобална платформа за музички стриминг услуги којашто поседува соопствен персонализиран модел неречен Flow.
Monzo – Велика Британија
Вредност – 1,27 милијарди долари
Дигитална и мобилна банка.
Darktrace – Велика Британија
Вредност – 1,65 милијарди долари
Преку користење на техники со вештачка интелигенција и алгоритми за машинско учење, стартапот открива сајбер криминал пред да биде извршен.
Revolut – Велика Британија
Вредност – 1,7 милијарда долари
Финтек старт – ап којшто лани доби официјална банкарска лиценца од ЕУ.
Graphcore – Велика Британија
Вредност – 1,7 милијарди долари
Нуди процесор и софтвер за вештачка и машинска интелигенција.
NuCom Group – Германија
Вредност – 2,2 милијарди долари
Комбинира содржина и е-трговија да обезбеди услуги за кориснички брендови и брендови за животен стил.
Roivant Sciences – Швајцарија
Вредност – седум милијарди долари
Биофармација фокусирана на лекови за неколку болести вклучувајќи рак и дијабетес.
Фото: Pexels