Парфемите на модната куќа Dior се омилени мириси на многумина, а според резултатите од пазарот еден е особено популарен.
Препознатливиот мирис на Dior, Sauvage, стана најпродаваниот парфем во светот, вклучувајќи ги машките и женските мириси.
Авантурата започна во 2015 година со извонредната креација на Франсоа Демаши, кој тогаш создаваше парфеми за Dior и се одлучи за живописни и богати ноти на портокалов бергамот и прашкасти и дрвенести ноти. Интензивниот и моќен мирис е богат со суровини кои ги изненадија и ги освоија обожавателите ширум светот.
Парфемот прв пат се појави на пазарот пред 7 години, поточно во 2015 година и оттогаш за многумина е еден од омилените мириси. Постигна голем успех, а целиот свет како да го освои здивот на свежината што тој го носи.
Досега првото место без исклучок во историјата на парфемите отсекогаш го заземале женските мириси. Неговата победничка позиција значи дека во 2021 година на секои три секунди се продавало по едно шише парфем Dior Sauvage.
Од самиот почеток, Dior Sauvage беше успешен и баран мирис. Две години по лансирањето, во 2017, стана лидер на пазарот во Англија и Италија, за машки и женски мириси заедно.
Минатата година ја достигна позицијата на најпродаван парфем во САД, а порасна во продажбата и во Франција.