Кој ќе биде европски автомобил на годината за 2023

55

Објавен е списокот од седум автомобили во потесниот избор за Европски автомобил на годината за 2023 година.

Победникот ќе биде објавен на 13 јануари на салонот за автомобили во Брисел.

Во потесниот избор на автомобили се Jeep Avenger, Kia Niro, Nissan Ariya, Peugeot 408, Renault Austral, Subaru Solterra/Toyota bZ4X и Volkswagen ID Buzz.

Жирито е составено од 58 членови од 22 земји, а треба да се потсети дека европски автомобил на годината за 2022 година беше Kia EV6.