Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници

375

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
    На Листата на должници бр.05/2023 објавени се 1.791 должници – правни лица (повеќе за 68 од претходната листа) и 3.404 физички лица (повеќе за 78 од претходната листа).
    Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2023 изнесува 8.548.751.260 денари, повеќе за 488.909.829 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.340.100.314 денари, повеќе за 489.302.639 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 208.650.946 денари (помалку за 392.810 денари од претходната листа).