Кој продаде најмногу автомобили во светот во 2021 година

Двоцифрениот раст на продажбата во 2021 година ја зацврсти водечката позиција на јапонската компанија  Тојота со најмногу продадени автомобили, пред германскиот Фолксваген, покажаа податоците објавени во петокот.
Тојота соопшти дека продала 10,4 милиони возила минатата година, вклучително и оние на поврзаните Daihatsu Motors и Hino Motors, 10,1 отсто повеќе отколку во 2020 година.

Фолксваген, од друга страна, испорача 8,9 милиони возила, најмалку во последните 10 години и пет отсто помалку отколку во 2020 година.

Производителите на автомобили беа принудени да го намалат производството во 2021 година поради недостиг на полупроводници што ги нарушија синџирите на снабдување и предизвикаа жестока конкуренција за клучна компонента и меѓу производителите на потрошувачка електроника.

Тојота подобро се справи со пандемијата од повеќето други производители на автомобили бидејќи ефектите на нејзиниот домашен пазар и во некои делови од Азија беа поблаги отколку во Европа.