Компанија за изработка на играчки со седиште во Токио, произведе детектор на лаги наречен Kokoro Scanner, кој се носи на челото и сигнализира доколку не ја кажувате вистината.
Гаџетот менува бои во зависност од отчукувањата на срцето, па така доколку сте искрени на прашањето тој свети во зелена боја, доколку нешто се обидувате да прекриете ќе светне жолто, а доколку навистина лажете ќе се покаже светло со црвена боја.
Kokoro Scanner, кој според производителот е евтина верзија на полиграф, најпрво го мери пулсот на испитаникот, а потоа врши споредба со било која промена во срцевите отчукувања.
Направата доаѓа заедно со сет од 15 прашања, испишани на картички, кои вклучуваат се, од љубовни врски до скриени фантазии, а скенерот ја емитува промената на пулсот користејќи инфрацрвени зраци.