Kokoro Scanner – гаџет кој покажува дали лажете

18

23B3730200000578-2859105-image-a-26_1417615079547Компанија за изработка на играчки со седиште во Токио, произведе детектор на лаги наречен Kokoro Scanner, кој се носи на челото и сигнализира доколку не ја кажувате вистината.

Гаџетот менува бои во зависност од отчукувањата на срцето, па така доколку сте искрени на прашањето тој свети во зелена боја, доколку нешто се обидувате да прекриете ќе светне жолто, а доколку навистина лажете ќе се покаже светло со црвена боја.

23B372FA00000578-2859105-image-a-28_1417615102522

Kokoro Scanner, кој според производителот е евтина верзија на полиграф, најпрво го мери пулсот на испитаникот, а потоа врши споредба со било која промена во срцевите отчукувања.

23B3730A00000578-2859105-image-a-27_1417615093780

Направата доаѓа заедно со сет од 15 прашања, испишани на картички, кои вклучуваат се, од љубовни врски до скриени фантазии, а скенерот ја емитува промената на пулсот користејќи инфрацрвени зраци.