Колку е штетно да се биде премногу добар?

255

srcinja

Фото: Pexels

Да се биде добар со луѓето е доблест, но што ако се претера со добрината?

Луѓето ве гледаат како слабак (слаба личност)

Никогаш не можете да бидете премногу добар спрема луѓето, но сепак мора да бидете внимателни. Така ќе избегнете да делувате слаби пред другите, кои тоа честопати знаат да го искористат.

Привлекувате погрешни луѓе

Кога сте премногу добар привлекувате луѓе кои доколку не им исполните одредено барање или желба, постојано се жалат, постојано нешто им треба, незадоволни се, премногу се емотивни…

Ќе има и такви што нема да ви веруваат

Има искрено добри луѓе, но има и такви кои само навидум проектираат слика на такви. Тоа значи дека иако припаѓате во првата категорија, луѓето понекогаш погрешно ќе ве проценат и во нивните очи ќе делувате сомнителни. Според нив не постои некој толку добар и фин бадијала, без некаква скриена намера.

Ќе имате погрешни очекувања

Кога сте премногу добар кон другите, ќе посакате и останатите да бидат толку добри кон вас. Доколку тоа не е така, ќе почнете да размислувате дека луѓето постапуваат лошо спрема вас и ве искористуваат. Ќе ја повторувате истата приказна безброј пати и во обидот да ги убедите останатите ќе се убедите и себе си дека тоа е навистина така.