Колку е важна автомобилската индустрија за Европа – покажуваат овие бројки

Има многу дискусии за состојбата на европската автомобилска индустрија како една од клучните гранки на која почива благосостојбата на целиот континент. Позицијата на европската автомобилска индустрија е загрозена, пред сè, од неуспесите и падот на продажбата на кинескиот пазар (главно од германските производители), слабото прифаќање на електрични автомобили во кои е многу инвестирано, високите цени на енергијата, а исто така и недостатокот на конкурентност со цените на трудот (ова се однесува пред сè за Германија каде платите се високи). Колку е важна автомобилската индустрија за Европа?

Европската асоцијација на производители на автомобили истакнува неколку важни бројки:

– 13,2 милиони Европејци работат во автомобилскиот сектор
– Ова е 10,3 отсто од сите работни места во производството во ЕУ
– Автомобилскиот сектор генерира 383,7 милијарди евра даночни приходи за европските влади
– Постигнува трговски суфицит на Европската унија од 106,7 милијарди евра
– Повеќе од 7,5% од БДП на ЕУ е генериран од автомобилската индустрија
– Автомобилскиот сектор издвојува 72,8 милијарди евра годишно за истражување и развој, 33% од вкупниот износ на ЕУ

Јасно е дека сериозна криза во европската автомобилска индустрија сериозно би се одразила на економијата на ЕУ.

Фото: Pixabay