Колку изнесува осигурителната штета од пожарите во Австралија?

154

Пожарите коишто со месеци беснеат во Австралија, уништија многу куќи, но и цели градови. Од почетокот на пожарите досега изгореле 10 милиони хектари земја.

Според проценката, се верува дека угинале 25.000 коали и неверојатни 480 милиони животни смртно настрадале. Со пожарите нанесен е сериозен удар на флората и фауната со тоа што некои билни и животински видови со пожарите изумреле.

Според последните снимки речиси има изгорено третина од Австралија, односно според НАСА изгореле 155.000 хектари од oстровот на Кенгурите. Најмалку 25 лица ги загубија животите од стартот на пожарите.

Побарувањата за надоместоци од штетни настани во Австралија се очекува да достигнат астрономски суми. Осигурителниот совет на Австралија (The Insurance Council of Australia) објави дека досега се пријавени над 5.850 барања за надомест, чија вкупна сума надминува 375 милиони долари.

Ова се сепак само штети спрема осигурените лица. Штетите коишто се направени кон еко-системот на Австралија се многукратно поголеми. Англиската национална телевизија BBC пренесува дека вкупната проценка дефинитивно ќе биде неколкукратно поголема ако се знае дека територијата којашто е опустошена е поголема од Белгија.