Колку заработуваат извршните директори на автомобилските гиганти?

34

Шефот на Мерцедес, Ола Калениус, речиси го удвои својот надомест минатата година благодарение на високите исплати на бонуси.
Претседателот на управниот одбор на производителот на автомобили од Штутгарт минатата година заработил 12,74 милиони евра, вклучувајќи ги и трошоците за пензија, се вели во извештајот за компензација објавен во петокот. Тоа беше 80 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Калениус има една од највисоките заработувачки меѓу извршните директори на најдобрите 40 компании во Германија, а исто така заработува повеќе од шефот на Фолксваген, Оливер Блуме, кој заработи 9,71 милиони евра за неговата двојна улога како шеф на две компании, VW и Porsche.

Фактот дека скокот на Калениус беше толку висок се должи на неколку фактори. Неговата основна плата во Мерцедес-Бенц беше зголемена минатата година, откако менаџерските плати не беа зголемени од 2018 година.

Оливер Зипсе, извршен директор на BMW, можел дури и да се налути, бидејќи со 5,3 милиони бил награден значително помалку од неговите колеги.

Сепак, сето ова е „ситница“ кога ќе ја видите заработката на првиот човек на Stellantis. Карлос Таварес заработил 36,5 милиони евра што е зголемување за 55,6 отсто во однос на претходната година.

Стелантис му плати на Таварес скоро 23,5 милиони евра во готовина и капитал, вклучително и бонус од 10 милиони евра за исполнување на три пресвртници за електрификација.

Пакетот за компензација на Таварес вклучува дополнителни 13 милиони евра долгорочни стимулации за перформанси, кои Стелантис ќе ги исплати целосно само доколку компанијата исполни одредени цели.

Најплатениот јапонски менаџер ја предводи Тојота. Акио Тојода добил вкупно 6,9 милиони евра, што е за 46 отсто повеќе од претходната година.

За споредба, извршниот директор на Хонда, Тошихиро Мибе е платен 2,3 милиони евра, а извршниот директор на Нисан, Макото Учида, 4,5 милиони евра.

Во САД најмногу заработила извршната директорка на Џенерал Моторс, Мери Бар. Таа заработуваше 29 милиони долари годишно, што е зголемување од 34 отсто во последните четири години. Во интервју за Си-Ен-Ен, Бара изјави дека 92 отсто од нејзината плата се заснова на ефикасноста на компанијата, која на своите вработени им нуди споделување на профитот. Според нејзината логика, колку е подобра компанијата, толку повеќе пари заработуваат сите, објави Index.hr.