Комбе трансформирано во мобилен сервис за перење алишта на бездомници

117

orange sky loundry

Бездомниците постојано се соочуваат со предизвиците што им ги носи животот. Низ светот постојат голем број хуманитарни организации кои подготвуваат храна, нудат медицинска нега и се обидуваат да најдат засолништа на лицата од оваа ранлива категорија.

orange sky mob

Но, освен храната и медицинската нега, треба да се обрне внимание и на хигиената на овие луѓе. Токму тоа беше инспирација за двајцата пријатели во Австралија, Лукас Патчет и Николас Марчеси, кои го отворија првиот мобилен сервис за перење, наменет за бездомниците, пишува Huffington post.

orange sky 1

Во јули оваа година, тие го претставија нивниот концепт Orange Sky Laundry. Белото старо комбе доби целосна трансформација, а двајцата пријатели успеаја да купат преносен генератор за електрична енергија, што им ја дава потребната струја на машините за перење и сушење на алиштата. Овие уреди можат да исперат и да исушат 20 килограми алишта за еден час.

orange sky 2

За време на тест периодот, Orange Sky Laundry ќе работат на пет различни јавни локации во Бризбен. Двајцата иноватори се надеваат дека ќе можат да го прошират своето работење низ целата земја до крајот на следната година.

orange sky

Според проценките, во овој австралиски град има околу 300 бездомници, кои додека чекаат да се испере нивната облека, ќе добиваат и бесплатна храна.

orangesky