![bank-2274072_640 (2)](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/bank-2274072_640-2.jpg)
Германската банка Commerzbank соопшти дека ќе намали околу 3.900 позиции до 2027 година, од кои 3.300 ќе бидат во Германија.
Според агенцијата ДПА, бројот на работни места на глобално ниво ќе остане приближно ист на околу 36.700, бидејќи групата планира да вработи луѓе во некои од нејзините бизниси, како што е полската mBanka, и на локации во Азија.
Отпуштањата главно се планирани во седиштето и на други места во Франкфурт. Втората по големина германска банка на германскиот пазар сега има околу 20.000 вработени.