Комерцијална банка: 5.000 денари и касички верверичка за родените на 31 октомври

19

komercijalna-banka-nova-zgrada1-1По повод Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври, Комерцијална банка АД Скопје ќе им отвори штедни книшки – Отворено детско штедење Верверичка, со износ од пет илјади денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31-ви октомври од 00:00 до 24:00 часот.

Акцијата на Комерцијална банка ќе биде реализирана во Скопје и во другите градови во земјата во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.

Средствата ќе бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31-ви декември година, на шалтерите на банката во Скопје и низ Македонија.