Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет

38

Комерцијална банка воведува дополнителна заштита при купување преку Интернет со Mastercard® и Visa картички, стои во официјалното соопштение. Отсега, за одредени интернет-трансакции, како дополнителна мерка на заштита Банката на корисниците ќе им испраќа СМС порака со код за верификација, на телефонскиот број што го пријавиле. Кодот за верификација корисникот ќе треба да го внесе за трансакција да биде успешно завршена.

За да може да се користи оваа бесплатна дополнителна заштита, потребно е корисниците да ги ажурираат своите податоци со бројот на мобилниот телефон. Ажурирањето може да се направи преку услугата Интернет банка, мобилната апликација мБанка или на шалтерите на Банката.

За повеќе информации и најчесто поставувани прашања посетете го следниот линк.