Комерцијална банка АД Скопје на 27.03.2024 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери.
Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2023 година со бруто-добивка во износ од 3.912,6 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 331,2 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 3.581,4 милиони денари.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 3.581,4 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 91% од номиналната вредност на акцијата, односно 910 денари за една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 25.04.2024 година.