Komorebi – хибридна суперјахта

24

7770952komorebi-yacht-07Француското дизајнерско студио VPLP Design го презентираше својот најнов концепт супер јахта Komorebi, којашто покрај традиционалниот начин на движење, плови и со помош на ветар, пишува Megayachtnews.

Нејзината должина изнесува 86 метри, а специфичниот дизајн со вертикални крила придонесува за максимално искористување на просторот и намалување на трошоците. Јахтата ќе троши 30% помалку гориво на долги патеки.

Комореби на јапонски значи сончева светлина што продира низ дрвјата, па слично на тоа и оваа Komorebi јахта добива многу природна светлина од различни агли.

Голем акцент е ставен и на отворениот простор, со огромните лизгачки прозорци. Приватниот салон се наоѓа на задниот дел, додека мастер спалната е целосно напред каде што продира најмногу светлина. На јахтата има специјални детски кабини и играчници каде децата ќе можат слободно да си играат.

Komorebi може да ја движи нафта или електрична енергија, во зависност од моменталните потреби и услови.

1211405komorebi-yacht-09Komorebi-1UntitledppUntitledVPLP-Komorebi-saloon