Компаниите Uber и Hyundai претставија летечко такси

26

Компаниите Uber и Hyundai претставија летечко такси коешто би можело да ги промени навиките на превоз на патници во градовите.

Првиот прототип ќе биде завршен 2023 година, изјави портпаролот на Hyundai. На почеток со возилото ќе управува пилот, додека не биде усовршен софтвер за автономно возење.

Hyundai е една од низата компании коишто имаат претставено летечко такси.
Летечкиот автомобил на Boeing имаше пробен лет во 2019 година, а соосновачот на Google, Лари Пејџ, исто така, инвестираше во неколку мали стартапи кои развиваат технологија на летечки автомобили.

Фото: Youtube