Компанија од САД постави нов домино рекорд со своите вработени

31

human_mattress_topple-main_tcm25-423923Aaron’s, американска компанија за електроника со седиште во Атланта, Џорџија, постави нов светски рекорд за најдолг човечки домино ефект, пишува Metro.

Во подвигот беа вклучени 1.200 вработени коишто се собраа во конференцискиот центар Gaylord во Мериленд и со помош на душеци направија еден вид на спектакл којшто траеше 13 минути и 38 секунди. Самиот настан, за чијашто реализација беше потребен простор од 650 метри квадратни, се случи како дел од годишниот состанок на компанијата.

Извршниот директор на Aaron’s, Џон Робинсон го започна домино ефектот, а сето тоа беше снимено со камера и споделено со уште многу љубопитни гледачи.