Компанија за кафе плаќа 5.000 долари и престој во замок

90

Ако сте љубител на кафе и сакате да живеете во замок, американската компанија за производство на кафе Gevalia Kaffe на уживателите на кафе им нуди бесплатен престој во замок цела недела.

Компанијата објави награден конкурс преку кој бара есеј од минимум 250 карактери со кој кандидатот ќе докаже дека е вистински љубител на кафе. Полот не е важен, кандидатот треба само да е постар од 18 години.

Победникот ќе добие бесплатен престој во Карлори замокот од 1852 година во Единбург, Шкотска и 5.000 долари. Аранжманот важи за двајца, а вклучува спа, батлер, готвач и неограничено кафе.

Gevalia бараат креативност во пишувањето на тема кафе, а за жал привилегија да учествуваат во натпреварот имаат само жителите на САД.

Фото: Pexels