Компанијата Gibson поднесе барање за заштита од банкрот

52

,

Фото: Pixabay

116-годишниот производител на гитари, Gibson Guitar Corp., поднесе барање за заштита од банкрот, пренесува ArsTehnica.

Најверојатно ќе се ликвидира Gibson Innovation делот од компанијата Gibson Guitar Corp., којшто беше задолжен за производство на слушалки, звучници и останата аудио опрема. Обидот на компанијата да направи профит преку бизнисот со потрошувачка електроника заврши со долг од половина милион долари.

Доколку барањето за заштита од банкрот се одобри Gibson ќе продолжи да произведува гитари и останата аудио опрема. Како дел од стечајната постапка, компанијата ќе ја ликвидира поделбата на потрошувачката електроника и ќе се фокусира на историски познатите производи.

Од компанијата тврдат дека нејзините потрошувачи можат да бидат сигурни дека се уште ќе произведуваат гитари откако оваа реорганизација ќе заврши.