Компанијата на Трамп го одложува лансирањето на златен паметен телефон од 499 долари

„Трамп Мобајл“, телефонската компанија основана од семејната компанија на американскиот претседател Доналд Трамп, ги одложи плановите за испорака на златен паметен телефон од 499 долари.

Во јуни, „Трамп Организејшн“ го лиценцираше своето име за лансирање на мобилната услуга и овој уред, но „Трамп Мобајл“ изјави дека постои голема можност телефонот да не биде испорачан во декември 2025, објави „Фајненшл тајмс“.

Службата за корисници на компанијата му соопшти на американскиот весник дека затворањето на владата и прекините во работата на државните институции ги нарушиле испораките.

Паметниот телефон T1, кој компанијата го опишува како „гордо американски“, првично беше промовиран како алтернатива на уредите од Apple и Samsung, произведена во Америка.

Речиси сите паметни телефони што се продаваат во САД се произведуваат во странство, првенствено во Кина и Јужна Кореја, но сè повеќе и во Индија и Виетнам.