Најголемата зграда на светот, The Kingdom Tower ќе почне да се гради на 27 април и тоа што беше предложено во 2011 година ќе стане реалност. Инвеститорите одлучија за овој мегаломански проект во Саудиска Арабија да ги ангажираат EC Harris и Mace.
The Kingdom Tower е проект вреден 1,23 милијради долари и е првата фаза од развојот наречен Kingdom City што ќе го граничи Црвеното Море од северната страна на Џеда, Саудиска Арабија.
Кулата треба да биде висока еден километар и во неа е предвидено да има станбен комплекс, хотел и канцеларии. Но, се уште никој не го знае како ќе влијае висината врз луѓето кои ќе живеат во неа и како ќе функционираат лифтовите. Според дизајнерот Адријан Грил, на екстремна височина лифтовите треба да се движат побавно или да паузираат на средината од зградата.
Прашање е дали сето тоа ќе им се допадне на потенцијалните станари во The Kingdom Tower.