Конференција на тема: Што правиме ние за малите и средни претпријатија (МСП)?

55

Kако дел од проектот на УСАИД Бизнис без граници, во организација на Фондацијата Бизнис Стартап Центар Битола, денес ќе се одржи конференција насловена Што ние правиме за малите и средни претпријатија (МСП)?

Оваа конференција има за цел да им се понудат решенија, алатки и ресурси на малите и средни претпријатија, кои би им користеле за поуспешно функционирање во светот на бизнисот, како и следење на трендовите на пазарот.

Преку размена на знаење, вмрежување и учење, конференцијата треба да придонесе кон активирање на локалните ресурси, отварање на патот за развој на МСП и економски раст.

На конференцијата ќе се обратат амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.