Конференција за поттикнување на малите бизниси во Полошкиот регион

51

“Како до изготвување проекти за локален економски развој и поттикнување на малите бизниси во полошкиот регион” е темата на денешната конференција за финансиките можности, која се одржа во Маврово.

Настанот беше организиран од страна на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, а имаше за цел да ги информира сопствениците на малите претпријатија, како и останатите присутни на конференцијата за развојните фондови достапни за полошкиот регион, начините на проектната апликација, евентуалните проблеми и пречките за пристап и чекорите за нивно надминување.

Конференцијата беше отворена од извршниот директор на Центарот за регионален развој на полошкиот регион Адил Емини, претседателот на СКСЗМ Мендерес Кучи, претставничката на Канцеларија за економски развој на Македонија на УСАИД Татјана Марковска и Хамси Бељуљи, регионален координатор на проектот ГИЗ РЕД Полог.

На средбата се разговараше за нови проекти кои во иднина би можеле да бидат поддржани од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, како и од Проектот на ГИЗ РЕД.

Исто така, во рамки на конференцијата беа одржани осум сесии посветени на различните финансиски инструменти: ИПА, ЦИП, ФП7, Светската банка, ЛЕАДЕР/ЛАГ, поддршката која ја нуди Холандската Влада, ЦЕЕД, ЕДИФ, ЕБРД СБС/БАС.