Популарен крипто-аналитичар вели дека е позитивно настроен за Етериум (ETH) и предвидува потенцијален пресврт на трендот на Биткоин (BTC).
Аналитичарот Smart Contracter им кажа на своите 204.500 следбеници на Twitter дека го следи движењето на цените на платформата за паметни договори Аваленч (Avalanche, AVAX).
Криптостратегот верува дека AVAX се подготвува за силен пораст по завршувањето на корективниот модел.
„Што се однесува до алткоините, навистина ми се допаѓа AVAX. Не само што имаше многу силен одговор од многу високо ниво од 0,618, туку и движењето [надолу] од врвовите беше корективен ABC vо три бранови. Во очекување дека ова ќе надмине многу алткоини, потенцијално би можело дури и да го достигне највисокиот врв (ATH) на сите времиња“, вели тој.
Smart Contracter е популарен аналитичар кој ја користи теоријата на бранови на Елиот, техника за техничка анализа која предвидува идно дејство на цените, следејќи ја психологијата на заедницата која има тенденција да се манифестира во бранови. Според теоријата на бранови na Елиот, продолжувањето на нагорниот тренд е веројатно откако средството ќе заврши ABC корекција.
Гледајќи го Биткоин, крипто аналитичарот вели дека BTC покажува знаци на сила откако се затвори над нивото на дијагонална отпорност што ја одржуваше водечката криптовалута во надолен тренд од ноември.
Smart Contracter има долгорочни бикови ставови за Биткоин. Минатиот месец, кога BTC беше на пат да пробие 30.000 долари, крипто-стратегот предвиде дека средството ќе се искачи над 100.000 долари оваа година.













