Корејци инвестираат 4 милијарди долари во фабрика за чипови во САД

13

Јужнокорејскиот производител на чипови SK Hynix објави дека ќе инвестира околу 3,87 милијарди долари во фабрика за мемориски чипови за вештачка интелигенција (АИ) во САД.

Компанијата најави изградба на иновативен капацитет за пакување и истражување и развој за производи со вештачка интелигенција во Вест Лафајет, Индијана.

Се очекува проектот да поттикне иновации во синџирот на снабдување со вештачка интелигенција во САД и да создаде повеќе од илјада нови работни места во регионот.

SK Hynix вели дека во новата фабрика планира масовно производство на нова генерација чипови за меморија со висок пропусен опсег (High-Bandwidth Memory – HBM), кои се клучни за единиците за графичка обработка кои обучуваат системи за вештачка интелигенција како што е ChatGPT.