Корисни бизнис совети од успешни жени претприемачи

185

zeni-pixabay

Фото: Pixabay

Жени претприемачи ширум светот советуваат што треба да се направи и како треба да се размислува кога се започнува мал бизнис.

Бидете отворени кон се

Никогаш не реков не, освен ако навистина беше невозможно да се оствари. Многу е важно како ќе им пријдете на пречките – не смеете да се предадете.

– Алиса Бери, готвач и сопственик на Bella Cucina Artful Food.

Формирајте сопствен одбор

Имав многу да научам. Одев на часови по менаџмент и читав се што ќе ми дојде при рака. Потоа сфатив дека најпаметно ќе биде да најдам луѓе кои знаат повеќе од мене и да учам од нив. Тоа и го направив.

– Мередит Блејк, основач на Break the Cycle, програма за превенција на домашно насилство.

Направете го тоа сами

Кога го започнавме бизнисот, ја искористивме заштедата која ја имавме и целокупното реновирање на просторот го направивме сами. Брусење на подовите, малтерисување и боење, бевме сами свој мастор.
– Мико Бренч ко-основач на Miss Jessie’s Salon

Распрашувајте се

Пуштив огласи по весниците, на интернет и одев кај декоратори… но немав среќа. Еден ден отидов во една продавница за текстил и ја прашав сопственичкаѕа дали познава некој. Сопственичката ми потврди и сега е нашата главна шивачка.

– Нен Барбера, основач на Prince & Company.

Бидете подготвени за неочекуваното

Запомнете, штом еднаш ја отворите вратата за клиенти, ќе имате прилика да сретнете секакви луѓе. Ми доаѓаа луѓе со секакави шопинг кеси, мали и големи, преплавени со слики. Најпрво ме фаќаше паника, но сега тие се едни од моите омилени проекти.

– Aни Голдентал, сопственик на Album Arts.

Не се плашете да бидете поинакви

Немав изложбен салон и бев избезумена поради тоа. Живеам над ресторан, па купувачите мораа да поминуваат низ една споредна врата преку него за да дојдат до мојот мал стан. Но на нив им се допаѓаше да доаѓаат тука. Ги послужував колачиња додека седеа покрај каминот. Велеа дека е освежување од другите изложбени салони што ги посетиле. Понекогаш кога мораш да работиш на неконвенционален начин, оставаш голем впечаток. И покрај толку многу конкуренција, да бидеш свој е единственото што ќе придонесе да те запаметат.

– Лана Билцериан, Knitwear Designer.

Останете смирени

Не смеете да паничите. Ако се вознемирувате за се, нема да можете да направите ништо.

Кети Падила, основач на Zambian Children’s Fund.