Корисни “трикови” за водење бизнис

31

biznis

Фото: Pixabay

Неколку корисни и добро испробани “трикови” што е добро да се знаат ако сакате да постигнете успех на деловно поле.

Дешифрирање емоции

Непишано правило е дека жените се повеќе наклонети кон емоциите. Затоа ако жената не види соодветна емоција на лицето на својот соговорник, истото ќе го протолкува како несогласување или бесчувствителност. Од мажите пак се очекува да ги потиснат чувствата. Затоа доколу мажот не покажува емоции, не значи дека ги нема.

Набљудување

Во деловното работење од голема корист е доколку имате дарба да ги “прочитате” луѓето. Колку подобро ги разбирате невербалните пораки, толку повеќе ќе успеете во работата. Работата ќе оди добро ако врските помеѓу вработените се на високо ниво, а тоа вклучува идентификување и решавање на било каков проблем. Тоа може да се постигне ако ги дознаете потребите и желбите на колегите, преку набљудување. Така ќе откриете дали се под стрес, дали се загрижени или можеби апатични.

Преземање ризици

Понекогаш мора да преземете и некој ризик. Истражувањата велат дека жените поретко се наклонети кон ризикување, од причина што се колебаат во своите способности. Понекогаш е потребно да се ризикува, па макар да бидете и во загуба. Искуството се добива преку грешките, а докажано е дека интуицијата треба да се послуша.

Блефирање

Во големата игра сите блефираат понекогаш. Имате право да бидете успешни и почитувани, затоа не се потценувајте. Хранате ја вашата самодоверба за да бидете силни.

Прифаќање пораз

Некогаш можете да направите сè како што треба и пак да погрешите, односно можете да ги имате совршените карти и пак да изгубите. Одликата на емоционално интелигентните и успешните луѓе е да прифатат пораз, да научат нешто од тоа и да останат мотивирани за следниот подвиг. Оние што се на врвот не би биле таму ако не умееле да го прифатат поразот.

Користење на расположливите средства

Потрудете се секогаш да го направите најдоброто со она што го имате. Креативните луѓе ќе направат чудо од сè што ќе им дојде при рака. Токму тоа го прави еден работник добар во тоа што го работи. Ако ве чека сложена задача, пробајте да ѝ пристапите од поинаков агол, користете сè што имате.

Целење кон врвот

Нереалните цели можат да бидат контрапродуктивни, додека стремењето кон реалните и достижните цели е корисно и здраво во деловното опкружување.

Фокус на себе

Ако го негувате својот ум, се грижите да сте одморени, фокусирани и со “бистра” глава, ќе имате подобри резултати. Ќе мислите јасно, ќе донесувате подобри одлуки, вашиот став кон работите ќе биде позитивен, а креативноста на високо ниво. Затоа хранете се здраво, практикувајте доволно сон и постојано ставајте се пред предизвици – на тој начин вашиот ум ќе биде подготвен за секоја ситуација.