Коски и крвни садови од 3D принтер

48

1986tl7t2zuq1jpg (1)Германски научници моментално работат на развој на 3D принтер кој што би можел да печати коски и крвни садови. Крајната цел на овој револуционерен изум е да може да печати и цели човечки органи.

Со веќе постоечките тридимензионалните принтери, денес има многу 3D принтови како чевли, оружје, облека… Научници од целиот свет веќе печатат “резервни делови” за коски.

human-bone8883a-650x431

Сепак, група стручни лица од универзитетот во Фрајбург, Германија сакаат да отидат чекор напред, со помош на 3D принтер да испечатат коски со крвни садови, со што веројатноста да се поврзат истите со околните природни ткива би била поголема, пишува Deutsche Welle.

“Откако ќе ги испечатиме коските, ќе биде потребно само на границата помеѓу имплантот и ткивото да се испечатат крвни садови што ќе се поврзат со крвните садови на пациентот. Така, вметнатиот дел би можел релативно брзо да се снабди со крв”, вели Гинтер Финкенселер, раководител на одделението за истражување и правење на вештачки ткива (tissue engineering) на клиниката за естетска хирургија во Фрајбург.

Секако, ќе биде потребно време додека Финкенселер и неговите колеги да можат со принтерот да испечатат коски и крви садови. Тие добија стипендија од германското друштво за истражување (DFG) во висина од 460.000 евра, со што во следните три години ќе го финансираат својот проект.