
На седницата одржана на 21.10.2025 година, Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука за котација на корпоративни обврзници издадени од ТТК Банка АД Скопје на Официјалниот пазар на Македонска берза АД Скопје, на подсегментот Берзанска котација.
Карактеристиките на овој финансиски инструмент се следни:
вид на хартијата од вредност: корпоративни, преносливи, субординирани, необезбедени, обврзници, со фиксна каматна стапка. Издадените долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент (корпоративна обврзница) ќе се користат за зголемување на капиталот на Банката.
број на издадени обврзници: 1.000
номинална вредност на една обврзница: 1.000 ЕУР
вкупен износ на емисијата: 1.000.000,00 евра
датум на емисија: 18.09.2025 година
датум на достасување: 18.09.2031 година
каматна стапка: Фиксна годишна камата од 5% за целиот период
исплата на каматата: Каматата се исплаќа годишно, на 18.09. секоја година, почнувајќи од 18.09.2026 година. Каматата се пресметува во евра, а се исплаќа во денари
Правна положба (субординираност) на хв: Обврзниците се необезбедени и субординирани обврски во однос на обврките на Банката кон останатите депоненти и доверители и не подлежат на каков било договор или друг правен акт што го намалува степенот на субординација.
Куповна опција/Откуп: Обврските врз основа на корпоративните обврзници не можат да бидат откупени или привремено отплатени, освен во случај на стечај или ликвидација на Банката.
шифра на тргување: TTKO3
ИСИН: MKTTKS200038
Датум на котација (и прв ден на тргување): 28.11.2025 година
Имајќи го предвид наведеното, како и при секое вложување во хартии од вредност, потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувања кои издавачот во иднина ќе ги објавува преку системот на Берзата за електронско известување од котираните друштва СЕИ-Нет.













