Фото: Pixabay
Со паѓањето на температурите започнува “борбата” со замаглените стакла во автомобилот. Влагата во автомобилот се зголемува поради дишењето на патниците, влажна облека или снегот што го внесуваме преку чизмите. За да се ослободите од оваа досадна појава, решението може да го најдете во пена за бричење, хартиена крпа, чорапа и песок за мачки.
Трик бр. 1: Премачкајте ги сите стакла од автомобилот со пена за бричење и протријте добро со хартиена крпа сè додека пената не исчезне.
Трик 2: Во чорапа наполнете силиконски песок за мачки и ставете ја под шофершајбната. Песокот ја впива влагата и така го спречува замаглувањето. По одреден период потребно е да го смените песокот.
Трик 3: Следете ги упатствата како во видеото подолу: