
Кредитирањето на компаниите и граѓаните во еврозоната забрза во февруари, а понудата на пари значително се подобри, покажаа во четвртокот прелиминарните податоци на Европската централна банка (ЕЦБ).
Во февруари, пишува Хина, кредитите на компаниите се зголемени за 2,2 отсто во однос на истиот месец лани, најсилно за една и пол година. Еден месец претходно тие беа за два отсто повисоки.
Кредитите на домаќинствата пораснаа за 1,5 отсто, најсилно од јули 2023 година, пресмета ЕЦБ, по растот од 1,3 отсто на почетокот на годината.
Показателот за парична маса М1, кој ги вклучува валутите во оптек и депозитите преку ноќ, во февруари се зголеми за 3,5 отсто, што е најмногу за речиси две и пол години.
Во првиот месец од годинава забележа раст од 2,7 отсто.